Зошто Планинска Роса?

Планинска Роса е природна изворска вода од изворот што се вика Ври Вода и се наоѓа на 1600 м надморска височина на планината Даутица кај селото Крапа, Македонски Брод.
Експертите ја препорачуваат токму ваквата вода за пиење, бидејќи зачувувањето на изворскиот состав и природната чистота, има благопријатно дејство врз здравјето на човекот.
Идеалната комбинација на магнезиум и калциум ја прават совршена за освежување и враќање на виталноста на организмот. Ниското ниво на натриум дозволува да ја пијат луѓето со зголемен крвен притисок, а исто така може да се употребува и за приготвување на детска храна.
Природниот флуор што го содржи водата, помага во зајакнување на коските и забите и во староста спречува остеопороза, а благодарение на нискиот сув остаток и зголемената алкалност поседува пуретичко и бактериостатно дејство.

ИНТЕР ЛУКС ТРЕЈД ДООЕЛ- СКОПЈЕ
info@planinskarosa.com.mk
071 259 512
www.planinskarosa.com.mk